Македонија
11. October 2020 - 16:50

Инфективна е полна, се отвора модуларната болница

Надлежните работат на реорганизација на здравствениот систем со цел да одговорат на новит есенски бран од корона вирусот. Ова следи по информацијата дека на инфективните одделенија во Скопје и низ градовите во земјава,  се полнат последните капацитети.

Тоа значи дека секој нареден пациен позитивен на Ковид ќе се лекуваа во  оваа болница, вели директорката на Инфективната Клинка. Слободни се 72 кревети.

Во пресрет на есенискиот бран, граѓаните со поделени  мислења за носењето маска на отворено. Едни сметаат дека маската штити, други  не се согласуваат со тоа. Но најголем дел од грааѓните велат дека мерките не се почитуваат.

Во вторник на  седница владата треба да ги усвои  псоледните предлог- мерки на Комисијата за заразни болени за задолжително носење маски на отворено, дури и кога граѓанинот е сам надвор, како и забраната за повеќе од 4 гости во домовите. Носење маска надвор нема да биде задолжително за децата до 6 години и оние кои спортуваат.