Индонезија: Еруптираше вулканот Мерапи
– Вулканот Мерапи, сместен на островот Јава во Индонезија, денеска еруптираше на густо населениот остров, исфрлајќи чад и пепел и лава по падината, пренесува Анадолија. Планината Мерапи испушти облаци од жешка пепел најмалку седум пати од изутрината, рече Ханик Хумаида од Технолошкиот и истражувачки центар за геолошки катастрофи (БППТКГ). – Пепелта зафати неколку села и блиски градови, додаде таа. Во последните недели е забележана зголемена вулканска активност на планината, поради што властите апелираа до локалните жители да останат пет километри од кратерот.
Индонезиската агенција за геологија и вулканологија соопшти дека граѓаните треба да бидат свесни за опасноста што ја носи лавата. Вулканот на висина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на древниот град Јогјакарта. Тој е најактивниот од десетиците индонезиски вулкани и неодамна еруптираше неколку пати. При ерупцијата на тој вулкан 2010 година загинаа 347 луѓе.
Ново на Сител
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
-
Состојба на патиштатa
-
Студено со појава на магла по котлините
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари