-->
-->
Индија: Деветмина работници загинаа во уривање на тунел во Кашмир
-->
Спасувачите пронајдоа тела на уште осум работници во делот на Кашмир под контрола на Индија, што го зголеми бројот на загинати на девет по уривањето на дел од тунелот во регионот на Хималаите, соопштија официјални лица.
Тунелот е дел од планинскиот систем на тунели и мостови во изградба на стратешки автопат што ги поврзува двата клучни града Сринагар и Јамук во јужната област Рамбан.
Телото на еден работник беше пронајдено претходно денеска.
Официјални лица рекоа дека еден работник сè уште се води како исчезнат.
Делот од тунелот кој се урнал бил пристапниот тунел кој се користел за вентилација и пренесување на намирниците и опремата до главниот тунел во изградба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ