„Индепендент“: Односот на Унгарија кон бегалците-муслимани е како кон Евреите во Втората светска војна
Односот кон бегалците - муслимани во Унгарија е многу сличен на однесувањето на властите во оваа земја, кон Евреите во текот на Втората светска војна, пишува лондонски „Индепендент“.
Во опширна анализа за случувањата на сириските бегалци, во огромен дел, сите муслимани, на нивното патување низ Унгарија, од границата со Србија, до унгарско-австриската граница, овој весник остро го критикува односот на владата во Будимпешта, а посебно изјавите на премиерот Виктор Орбан, за „заканата„ што постои за христијанството, од напливот на муслимани во ЕУ.
Орбан во еден авторски напис, пишуваше дека големиот бран бегалци од „друга култура и религија“ , претставува „закана за европската цивилизација„ тврдејќи дека токму христијанството е „коренот на европскиот идентитет“.
Авторот на написот во „Индепендент“ Роберт Фиск, ваквите позиции на Орбан ги споредува со позициите на унгарските власти во периодот меѓу 1939 и 1945 година, кога Унгарија беше сојузник на германските нацисти и кога од својата земја, во логорите на смрта беа испратени повеќе од стотици илјади унгарски Евреи, додека другите мораа да бегаат за да се спасат од истребување.
Весникот прави споредба, па потсетува дека и тогаш, луѓето беа транспортирани до железничката крстосница Бишке, во тоа време, носејќи ги Евреите, за да им бидат предадени на нацистите, од каде огромниот број никогаш не се врати, а сега префрлајќи ги сириските бегалци од Будимпешта кон границата, да се префрлат преку Австрија, во Германија.
Разликата е во тоа што пред 72 години, унгарските власти ги пренесуваа своите Евреи до границата со Третиот рајх, затоа што Австрија беше дел од него, а сега им се предаваат на австриските власти кои исто така брзаат да ги префрлат понатаму.
Разликата е и во тоа што во текот на погромот на Евреите, во крстосницата Бишке тие ништо не добиваа, а сега на Сиријците, барем им се делат вода и нешто храна, забележувајќи дека бегалците од Блискиот Исток се најзадоволни што може да си заминат од земјата во којај не ги сакаат.
Авторот Фиск, не ја прифаќа тезата дека христијанството е коренот на идентитетот на Европа и потсетува дека унгарската католичка црква, уште многу години пред Адолф Хитлер, се декларирала како една од најантисемтиските на континентот, заговарајќи дека Евреите се „закана која ќе го уништи христијанството„.
Според пописот на население од 2011 година, во Унгарија живееле само 5500 муслимани, сочинувајќи 0,05 од вкупното население, па весникот забележува дека дури и извесен број од бегалците да останат (трајно, или привремено) во земјата, тоа нема да има никаков одраз врз националниот состав и врз етничкиот и верскиот карактер на државата.
„Индепендент„ пишува дека по падот на Берлинскиот ѕид, Западот со отворено срце ги прими Унгарците и луѓето од другите земји од Источна Европа, кои останаа во советскиот блок повеќе децении, меѓудругото и срамејќи се што тие беа оставени толку долго под руска доминација.
Авторот Роберт Фиск, меѓутоа, сега смета дека можеби таа интеграција била избрзана, кога ќе се види каков е односот на унгарските власти кон бегалците-муслимани и колакава е желбата на овие луѓе, што побрзо да си замнинат од Унгарија.
ЕУ мора да реагира на актуелната бегалска криза со хуманизам кон луѓето кои бегаат од војната, затоа што во спротивно ќе се соочи со национализам и со затворени гранци, констатира овој лондонски весник.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците