Инциденти во Солун на протест против Договорот од Преспа
Мали инциденти се случија синоќа пред концертната сала во Солун каде што се одржуваше манифестација за одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот на која присуствуваше грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кога група граѓани кои протестирале против Договорот од Преспа се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, насобраните граѓани, со грчки знамиња извикувале слогани против Договорот од Преспа и против грчкиот претседател, но и дека „Македонија е грчка“.
До инцидентите дошло кога групата демонстранти се обидела да се доближи до влезот на салата, но била спречена од полицијата која употребила солзавец и шок бомби.
Според солунските медиуми, грчкиот претседател, во концертната сала влегол од заден влез.
Полицијата привела две лица.
Ново на Сител
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице