-->
-->
Инциденти во прифатниот центар на грчкиот остров Хиос
-->
Материјална штета, 10 приведени од кои седум уапсени е билансот од вчерашната тепачка меѓу бегалци и мигранти во прифатниот центар ВИАЛ на грчкиот остров Хиос.
Инцидентите почнале синоќа пред 22 часот, а по интервенцијата на грчката полиција, по полноќ, ситуацијата била ставена под контрола, јави дописникот на МИА од Атина.
Причината за тепачката со камења и разни предмети е сѐ уште непозната.
Пренатрупаноста, долгиот процес по поднесеното барање за азил, лошите услови во прифатните центри како и нетрпеливоста меѓу мигрантите и бегалците од разни земји се дел од причините за тепачките и инцидентите што во минатото се случуваа во кампови на грчките острови.
-->
-->
-->