Свет
11. January 2018 - 10:27

Инциденти во прифатниот центар на грчкиот остров Хиос

 Материјална штета, 10 приведени од кои седум уапсени е билансот од вчерашната тепачка меѓу бегалци и мигранти во прифатниот центар ВИАЛ на грчкиот остров Хиос.
 
Инцидентите почнале синоќа пред 22 часот, а по интервенцијата на грчката полиција, по полноќ, ситуацијата била ставена под контрола, јави дописникот на МИА од Атина.
 
Причината за тепачката со камења и разни предмети е сѐ уште непозната.
 
Пренатрупаноста, долгиот процес по поднесеното барање за азил, лошите услови во прифатните центри  како и нетрпеливоста меѓу мигрантите и бегалците од разни земји се дел од причините за тепачките и инцидентите што во минатото се случуваа во кампови на грчките острови.