-->
-->
Инциденти пред домот на пратеничка на СИРИЗА во Катерини
-->
Група демонстранти доцна синоќа се судрија со полицијата пред домот на пратеничката на СИРИЗА, Бети Скуфа во грчкиот град Катерини, јави МИА од Атина.
До инцидентите, според локалните медиуми, дошло кога групата, за време на протестот во центарот на градот, се обидела да стигне до домот на Скуфа, но била спречена од полицијата.
Демонстрантите за да го пробијат полицискиот кордон фрлале молотови коктели и камења, а полицијата одговорила со солзавец и привела 10 лица.
Слични инциденти пред домот на пратеничката се случија и во четвртокот вечерта, а полицијата уапси шест лица, меѓу кои две малолетни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот