Фудбал
15. August 2015 - 8:01

Импресивен старт на Баерн

Најтрофејниот германски клуб и актуелен шампион во Бундеслигата минхенски Баерн супериорно ја започна одбраната на титулата во домашниот шампионат.
 
На отворањето на новата бундеслигашка сезона Баварците го декласираа Хамбургер со 5:0 (1:0).
 
Серијата на голови ја отвори дефанзивецот Бенатија во првото полувреме, на стартот на вториот дел предноста ја одвои Левандовски, потоа два гола постигна Милер, а серијата во финишот на мечот ја затвори засилувањето на Баерн од Шахтјор, Бразилецот Даглас Коста.
 
Останатите натпревари од првото коло ќе се одиграат викендов, а во дербито ќе се игра во Дротмунд каде ќе гостува Борусија од Менхенгладбах.
 
Двојки од 1.коло: Аугзбург-Херта, Баер Леверкузен-Хофенхајм, Дармштат-Хановер, Мајнц-Инголштат, Вердер-Шалке, Борусија Дортмунд-Борусија Менхенгладбах, Волфсбург-Ајнтрахт, Штутгарт-Келн.

Ново на Сител