Македонија
22. April 2021 - 19:58

Имал ли Рашковски пристап до софтверот на академијата за судии и јавни обвинители?

Правдата можеби е слепа, но Рашковски ги имал пасвордите. Вакви се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по информациите утрово дека екс владиниот генсек можел да има пристап до софтверот кој ги подготвувал прашањата за приемниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители од каде се избира новиот кадар во правосудството.

Според инфорамциите, Рашковски склучил договори за софтверски апликации со повеќе фирми тежок милијарда денари. Меѓу нив, фирмата Инвока, чиј управител заедно со Рашковски е во притвор за софтверот во МВР го добила и тендерот за изработка токму на алгоритмот кој е клучен за изборот на новите судии и обвинтеили.

„Изразувај се стручно, овие се глупи и ништо нема да те разберат“ му напишал Рашковски на еден од осомничените кој не успеал да ги форматира телефонот пред да го видат обвинителите.
Токму последниот избор во академијата за судии и јавни обвинители дигна многу прашина. Јавноста остана зачудена кога виде дека неверојатно голем број на кандидати успеале да ги решат тестовите без ниту една грешка а меѓу ни биле и членови на најблиското семејство на високи државни функционери и судии.

Во академијата за судии и јавни обвинители не можат да потврдат дека немало злоупотреби иако се сомневаат дека воопшто постои начин тоа да се направи.

Премиерот и денеска со ист став. Тврди дека владата покажала дека никој не е недопирлив но и вниновен пред судот да го докаже тоа.

Драги Рашковски од вчера е во Шутка откако беше прифатена жалбата на обвинителството за куќниот притвор. Тој се сомничи дека набавил софтвер за МВР изработен по негов патент иако тој воопшто не и требал на полицијата.