Свет
17. April 2019 - 21:33

Има осомничен за големиот пожар во катедралата Нотр Дам

Жулијен Ле Бра, сопственик на мала занаетчиска компанија Le Bras Freres е првиот осомничен за избувнувањето на големиот пожар во Нотр Дам.

Пожарот избувнал во покровна празнина на врвот на кулата , што се урна подоцна, а реставраторите користеле електричен алат. Ги оставиле алатите меѓу 17 и 17.30 часот , а пожарот избувнал околу еден час подоцна.

- ,,Повеќе од кој било сакаме да се расветли оваа драма“, им изјави Ле Бра на новинарите.