Има над 40 конци на лицето, пејачката ја објави првата фотографија по несреќата
Американската пејачка и актерка Кери Андервуд напишала на својот новогодишен блог дека има повеќе од 40 конци на лицето откако во ноември доживеала несреќа, кога се сопнала на скали во својот дом.
Пејачката на 1 јануари објавила дека чувствува дека не изгледа исто како порано откако поминала бројни операции на лицето.
-Неверојатно е колку една бизарна несреќа може да ви го промени животот. Нема да ги откривам сите ужасни детали, но ќе кажам дека по операцијата ноќта кога паднав, докторот му кажа на мојот сопруг дека имам меѓу 40 и 50 конци. Седум недели подоцна, со најдобрите лекари околу мене, се уште се опоравувам и не изгледам како некогаш, напишала Кери.
Пејачката додала дека е среќна што целата ситуација не се завршила полошо, а пред Нова година објавила селфи фотографија на која лицето и е покриено со шал. Тоа воедно е и првата фотографија објавена по несреќата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото