Македонија
16. October 2021 - 16:37

Има ли услови за гласање на лицата со попреченост?

Локалните избори ке бидат и под будното око на здружението Инклузива кое се залага за полесен процес на гласање за лицата со попреченост.  Здружението апелира сите учесници во изборниот процес да ги почитуваат правата  на гласачите и другите лица за попреченост кои се вклучени во изборните активности. Здружението направи и илјадници графички прикази со цел  гласањето да биде побрзо и без дополнителни објаснувања не само за лицата со попреченост туку и за други категории грагани. Сликите се доставени до  ДИК а потоа ке бидат доставени секое гласачко место во државата. Од Инклузива велат дека со ова ке се намалат евентуалните застои на гласачките места, што е особено важно во условите на пандемијата.

Главните забелешки на Инклузива во  врска  со изборниот процес генерално се пристапноста на гласачките места, но и едукацијата на надзорните одбори кога се работи за лицата со попреченост. Апелираат државата повеке да работи на  инклузија на оваа категорија грагани во политичките процеси во земјата

Инклузива со своите набљудувачи оваа гоидна нема да излезе на террен, но поерачаа дека  нивните телефони ке бидат отворени за сите оние кои се соочиле со некаков проблем  во процесот на гласање