Македонија
28. January 2018 - 16:23

Има ли можност за национален консензус!?

И по 5-часовната координација помеѓу државниот и политичкиот врв останува нејасно дали земјава ќе успее да изгради единствен став околу прашањето за името. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека патот до постигнување национален консензус околу можното решавање на деценискиот спор е тежок и во Македонија и во Грција, но придвижувањето на овој процес е позитивен чекор напред. очигледна координацијата помеѓу двете земји, во ист период и за прв пат на спорот да му се приближат преку дијалог со сите политички страни. Воздржаноста во изјавите и на политичките и на државните лидери по вчерашната средба, според Арсовски е очекувана и не го отсликува нивниот конечен став.

Можноста во следниот период  да се блокира работата на Собранието преку поднесените амандмани за законот за јазици, според Арсовски може сериозно да му наштети на веќе отпочнатиот политички дијалог околу името, но и неопходните реформи предвидени во планот 3-6-9.

За деталите од вчерашните разговори, државниот врв неделава ќе го информира и медијаторот Метју Нимиц.