Има ли договор меѓу СДСМ и ДУИ за собраниските тела?
Комисијата за избори и изменувања, кое е единственото собраниско тело кое е формирано, ќе заседава утре или задутре, дознава Сител од собраниски извори. Комисиската расправа ќе се однесува на предлогот за формирање на останатите собрнаниски тела. Од тука се поставува прашањето дали веќе е постигнат договор меѓу коалицијата на СДСМ и БЕСА заедно со ДУИ за собрнаиските комисии со што парламентот може да стане функционален. Не се открива дали БЕСА и ДУИ ќе раководи со Комисијата за европски прашања за кој и беше спорот меѓу владините партнери. Планираната седница најверојатно би се одржала во текот на наредната недела кога се очекува од боледување да се врати Арбен Зибери од ДУИ чиј глас би бил неопходен за власта да има мнозинство од 61 пратеник.
Партиите веќе постигнаа договор за бројот на собраниските комисии си кои ќе раководат. СДСМ ќе раководи со 8 собрнаниски тела, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со исто осум, ДУИ со три, а коалицијата Алијанса и Алтернатива со две комисии.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката