Балкан
13. April 2021 - 11:27

Има индикации дека во Србија пристигнал бразилскиот вирус

Директорката на ковид болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, утрово изјави дека е забележано мало намалување на бројот на пациенти и дека во моментов во таа установа се лекуваат 825 пациенти (на 30 марти мало 915).

Аџиќ Вукичевиќ изјави за РТС дека во претходниот период имало 80 до 90 приеми во болница дневно, а сега таа бројка е половина помалку.

На прашањето што влијае на намалувањето на бројот на пациенти и хоспитализирани, таа посочи две работи – вакцинација и почитување на мерките.

Таа додаде дека сè уште не може да даде никакви оптимистички изјави кога станува збор за кронавирусот и пандемијата.

– Иако масовната вакцинација е во тек, иако мерките се почитуваат, сепак нема место за опуштање, бидејќи во болницата има луѓе зад мене со многу тешки клинички слики. Има многу млади луѓе без претходни болести кои се на апарати за вештачко дишење – истакна Татјана Аџиќ Вукишевиќ.

Вукичевиќ посочи дека, според податоците на домашните вирусолози, британскиот вид на вирус претежно циркулира и дека се карактеризира со висока преносливост, потешка клиничка слика и поголема смртност.

Таа наведува дека постојат индикации дека бразилскиот сој се појавил кај населението во Србија.

Исто така им порача на граѓаните да одговорат на програмата за имунизација, бидејќи само така може да се запре вирусот.

Вукичевиќ вели дека има и такви кои биле вакцинирани со двете дози, и кои биле хоспитализирани, но забележува дека во 99 проценти од случаите се враќаат дома, и дека за жал мал дел од нив завршуваат мртви. Сепак, додава дека ваквите податоци ги има во сите земји во светот.

Д-р Аџиќ Вукичевиќ додаде дека дури и по вакцинирањето, мора да се почитуваат мерките и да се носат маски во затворен простор.