Илон Маск поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“
Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск сега поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, откако за тоа уплати 2,89 милијарди долари. Ова значи дека тој во мигов е најголемиот поединечен акционер во оваа компанија. Инаку, тој е еден од највлијателните корисници на Твитер, со повеќе од 80 милиони следачи.
Ова се случува една седмица откако Маск јавно го критикуваше Твитер дека не е доволно демократски насочен. Во анкета потоа, тој ги праша своите следачи дали сметаат дека Твитер „ригорозно се придржува“ до принципот на слобода на говор како алатка „суштинска за функционалната демократија“. Потоа навести дека има план и резултатите од анкетата ќе бидат важни за некои натамошните чекори…
Сега, се чини, можеби се виде што имал на ум – да го промени Твитер однатре. Иако 9,2 отсто од акциите не му даваат моќ радикално да ги промени работите во компанијата, тие ќе му овозможат поголемо влијание врз идните одлуки.
Тој сега има и добра позиција да преговара со Твитер за купување дополнителни акции наредниов период, што на крајот би му овозможило активно и поагресивно влијание врз стратешките одлуки.
Ново на Сител
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури
-
Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп