Илјадници маршираа во Буенос Аирес против убиствата на жени
Илјадници луѓе во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, маршираа против убиствата на жени и насилството врз жените.
Демонстрациите, кои се одржаа вчера попладне, беа организирани од движењето „Ниту една жена помалку“. (“Ni Una Menos”).
Поворката се одржа во центарот на главниот град. Демонстрантите стигнаа до Националниот конгрес, каде што запалија свеќи во спомен на жртвите на насилство.
Учесниците во поворката поставија плакати со пароли „Сакаме да останеме живи“, а други покажаа фотографии од убиства на жени.
Според Женската служба на Врховниот суд на Аргентина, минатата година земјата регистрирала во просек по едно убиство на жена на секои 35 часа во земјата, а 81 отсто од убиените биле класифицирани како жртви на семејно насилство.
Вечерта аргентинскиот Парламент беше осветлен во розово, во знак на солидарност со жртвите на семејно насилство.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО