Илјадници луѓе на протести против рестриктивните мерките во Виена, 14 лица уапсени
Полицијата во Виена вчера уапси 14 учесници во протестите против мерките за ограничување, со кои властите се обидуваат да ја спречат пандемијата на коронавирусот.
Околу 3.000 луѓе биле присутни на собирот. Полицијата соопшти дека употребила „бибер спреј“ за да ги спречи луѓето кои биле против протестот, а кои се обиделе да ги пробијат оградите за да се судрат со демонстрантите.
Подрачјето на австрискиот главен град и други покраини во источниот дел на земјата се затворени овој месец поради зголемениот број на заразени лица со коронавирусот.
Австрија се подготвува за отворање на повеќе сектори од јавниот живот во мај, кога ќе го надмине еден од најлошите периоди од почетокот на пандемијата, меѓу другото и со помасовното вакцинирање на населението.
За да го забрза процесот на имунизација, австриската Влада најави купување на руската вакцина Спутник В, иако таа се уште не е одобрена во ЕУ.
Австрија од почетокот на пандемијата има 571.616 заразени лица и 9.624 смртни случаи како последица на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет