Илјадници Израелци на протести против Нетанјаху
Илјадници Израелци синоќа се собраа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и покрај рекордниот број заразени со коронавирусот, повикувајќи го да си даде оставка бидејќи му се суди за корупција.
Демонстрантите, додека се движеа кон резиденцијата на Нетанјаху, носеа транспаренти на кои пишуваше „Револуција“ и „Граѓаните пишуваат устав“.
Како што пренесуваат странските агенции, демонстрациите, кои се одржуваат за време на викендите во текот на летото, во голем дел се поттикнати од погрешните чекори на владата во справувањето со кризата со коронавирусот, по релативниот успех во раните фази на пандемијата.
Бројот на починати од вирусот надмина илјада и Израел сега размислува да воведе нови карантински мерки за да се спречи зголемувањето на бројот на заразени.
Во Израел во моментов има повеќе од 26.000 активни случаи на коронавирус.
Полицијата се судри со демонстрантите и во неколку наврати употреби водени топови за да ги растера од главните улици. Во последните недели собирите се помирни, но поголеми.
Ново на Сител
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал