Свет
10. October 2016 - 8:43

Илјада жртви на ураганот Метју во Хаити

Смртниот биланс на ураганот Метју во Хаити се зголеми до илјада лица, а напоредно со тоа, луѓе умираат од колера и некои локални власти ги погребуваат починатите во масовни гробници, пренесува БТА.

Најмоќниот ураган во Карибите во последните, речиси, десет години во вторникот го погоди Хаити - најсиромашната земја на двата американски континенти - со ветрови со брзина од 230 километри на час и поројни дождови.