Илир Мета денеска стапува на функцијата претседател на Албанија
Во Тирана попладнево ќе се изврши инаугурацијата на новиот албански претседател, Илир Мета.
Заклетвата, пред Уставот на Албанија и пред претседателот на Уставниот суд на земјата, Мета ќе ја даде на пленарна седница на Парламентот, закажана за 18 часот.
Потоа, во 19 часот, во резиденцијата на Претседателот ќе биде организирана посебна свеченост, на која се поканети голем број гости. Пред да се обрати до нацијата, Мета прво ќе има одвоена средба со неговиот претходник Бујар Нишани, на која и официјално ќе се изврши примопредавањето на должноста.
За време на церемонијата Мета ќе го придружува неговата деветнаесетгодишна ќерка Бора Мета, а не сопругата Моника Круемади, која е лидер на партијата Движење за социјалстичка интеграција.
За претседател на Албанија Илир Мета беше избран во Парламентот, на 28 април, а за него гласаа 86 пратеници.
Мета (48) е седмиот претседател на Албанија по падот на тоталитаризмот во земјата, кога за претседател беше избран Рамиз Алија,(кој беше и последен комунистички претседател), Него го замени Сали Бериша, по кого беше избран Реџеп Мејдани, па Алфред Мојсиу, Бамир Топи и Бујар Нишани.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење