Loading Video...
Свет
15. September 2021 - 19:39

Или вакцина или нема плата: Ултиматум за здравствените работници во Франција

Во Франција стапи на сила задолжителна вакцинација против Ковид-19 на лицата кои работат во здравствениот сектор, старечките домови и итните служби. За да продолжат со рбаота од денеска ќе треба да покажат доказ дека примиле барем една доза вакцина.

Казната за невакцинираните е неплатено отсуство и забрана за доаѓање на работа. Болниците стравуваат дека ќе им се појави недостиг од кадар и ги повикаа властите да се предомислат за мерката.