-->
-->
Илчо Ѓорѓиоски: Очекувам фудбалски спектакл кој долго ќе се прераскажува
-->
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски очекува дека претстојниот УЕФА Супер куп кој ќе се игра на 8 август во Скопје, ме биде меч, но и настан кој долго ќе се прераскажува, не само во нашата земја туку и во цела Европа.
Остануваат само уште седум дена до најголемиот фудбалски настан во историјата на нашиот регион. Сите вистински љубители на фудбалот се во исчекување на 8. август, денот кога ќе се спротивстават едни од најдобрите европски тимови во историјата на фудбалот воопшто, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Скопје, Македонија дефинитивно овие денови ќе бидат центарот на спортската и целокупната светска јавност.
- Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија навистина сум горд што успеавме во спроведувањето на активностите за организација на УЕФА Супер Купот– Скопје 2017. Напорно работевме изминативе две години и сметам дека заедно со останатите вклучени во организацијата, Градот Скопје и Владата на Р. Македонија успешно го комплетиравме овој проект, чија што реализација останува. Особено ми е драго што токму Фудбалската федерација на Македонија со добиената доверба од УЕФА за организација на Супер Куп натпреварот стана еден од најголемите амбасадори на нашата земја, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на позитивни вредности во нашето општество.Финалето во Скопје е настан кој ќе биде голем дополнителен импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот. Иднината е во младите фудбалски таленти. Како за потсетување над пет илјади дечиња од седум различни региони на Македонија се дел од детската лига во организација на ФФМ. Како Федерација со сите сили и средства ќе се трудите и понатаму што повеќе деца да се приврзат со спортот и фудбалот“, изјави Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување. УЕФА Супер Куп натпреварот од Националната „Филип Втори“ арена во Скопје ќе се пренесува во живо во 216 земји (49 во Европа и 167 низ светот), а над 280 ТВ станици ќе го пренесуваат пред ТВ аудиториум од неколку милијарди луѓе. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски заедно со председателот на УЕФА, Александар Чеферин ќе го доделат пехарот на победникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук