Илбер Руфати – нов заменик на народниот правобранител за Кичево
Новоизбраниот заменик народен правобранител за Кичево, Илбер Руфати по преземањето на должноста изјави дека ќе работи во интерес на граѓаните со цел на полесен начин да ги остварат своите слободи и права.
-Ќе работам во интерес на граѓаните на полесен начин да ги остварат своите слободи и права. Јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот на власта кон граѓаните. Чесно и стручно ќе ги следиме и надгледуваме органите на власта и во сето тоа се надевам дека ќе бидеме успешни, вели Руфати.
Во надлежност на канцеларијата на заменик правобранителот во Кичево покрај Општина Кичево се и општините Охрид, Струга, Дебар, Пласница , Вевчани и Македонски Брод, вели Руфати.
Руфати за заменик народен правобранител беше избран на 123-та собраниска седница. На оваа седница за нова заменичка на народен правобранител за канцеларијата во Битола беше избрана Лилјана Илиевска.
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици