Игуаин веќе го облече дресот на Милан
Аргентинецот Гонзало Игуин ги почна медицинските тестови во Милано.
Ако се е како што треба, тој ќе премине кај „росонерите“ од Јувентус на заем за 18 милиони евра. Следното лето трансферот би можел да стане траен за уште 36 милиони евра.
Игуаин беше пречекан од стотици навивачи на „црвено-црните“ и изјави дека почнува нова авантура во кариерата.
- Веќе зборував со Џенаро Гатузо и сум расположен позитивно, рече 30-годишниот стрелец, кој во 105 натпревари постигна 55 гола за „бјанконерите“.
Потсетуваме дека Јуве и Милан ќе направат уште еден голем трансфер меѓу себе. Леонардо Бонучи и Матија Калдара ќе ги сменат своите места без дополнителни исплати и дополнителни клаузули и бонуси.
Капитенот на Италија веќе пристигна во Торино. Дефанзивецот вчера долетал од САД за денеска да биде на медицински прегледи. Бонучи беше снимен на аеродромот во одлично расположение, но одби да зборува пред да потпише официјален договор со шампионите.
Бонучи, кој има шест титули со Јувентус, ја намали својата плата за повеќе од два милиони евра за да се врати во составот на Масимилиано Алегри.
Ново на Сител
-
Новогодишна честитка од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски
-
Песна што носи љубов и надеж
-
Министерот Мисајловски и генерал Лафчиски: Покажуваме доверба, синергија заеднички да продолжиме успешно да работиме
-
Мојсовска: Секоја поддршка во земјоделството е добредојдена, но кога таа е навремена е многу поефикасна за следното производство
-
Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година
-
Во два одделни случаи во Кумановско пронајдени и одземени 1.200 парчиња пиротехнички средства
-
На новогодишната ноќ стабилно и суво време
-
Од патарина годинава инкасирани 64,7 милиони евра