Македонија
14. August 2024 - 16:32

Иџет Мемети се спогоди и доби условна казна, судијата Наќе Ѓеоргиев чека казна во постапката за спогодување

Член на Советот на јавни обвинител, Иџет Мемети се спогодил со Обвинителството. Признал дека примил награда за противзаконито влијание, во случајот во кој првоосмничен е врховниот судија Наќе Георгиев. По спогодбата Мемети е осуден на условна казна и доби забрана за вршење на дејност во рок од три години.

Странките се согласија на осомничениот И.М. за стореното кривично дело да му биде изречена казна алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку осомничениот во рок од три години не стори ново кривично дело, како и судот да му изрече и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од 3 (три) години, бидејќи истиот ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршувањето на кривичното дело и врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено, може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело.

Соочен со прибраните докази, осомничениот со самото потпишување на предлог спогодбата ја призна вината, односно не го спори кривичното дело што му се става на товар и е согласен со предложената кривична санкција., велат од Обвинителство.

Според описот содржан во диспозитивот на предлог – спогодбата тој, по претходен договор со прво осомничениот  го искористил своето реално влијание, службена положба и углед како заменик претседател и член на Советот на јавни обвинители и на неутврден датум, во текот на месец април и мај 2024 година, преку прво осомничениот му пренел на сведокот дека наводно интервенирал да не се поднесе обвинителен акт во врска кривична постапка против таткото на сведокот осомничен за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции.

По Мемети постапка за спогодување со обвинителството започнал и врховниот судија Наќе Горѓиев.

Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена.

Мемети беше осомничен во случајот за земање 10.000 евра со цел, да му ја олесни положбата на градоначалникот Боро Стојчев (Боро Малборо), против кого беше покрената кривична постапка. Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев. Иако веќе принзал вина, Мемети досег пред медиумите тврдеше дека не е виновен.