-->
-->
Иџе 4-ти на Хунгароринг
-->
Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски-Иџе го освои 4. место на трката во Унгарија на славниот Хунгарорин каде ќе се вози уште една трка.
Нашиот ас стартуваше од четвртата стартна позиција и по лошиот старт, каде што падна за две позиции, успеа да се врати и да дојде до четвртата позиција.
Сепак, Норберт Наѓ од Унгарија направи недостижна предност, па така нашиот Иџе мораше да се задоволи со ова остварување.
Со тоа, „летечкиот" Македонец доби нови пет бодови и стигна до бројката од 14 во генералниот пласман.
На втората трка Стефановски ќе стартува од осмото место, а таа е закажана за половина час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка