ИДФ соопшти дека погодила 300 цели во Појасот Газа
Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа гаѓала околу 300 цели на Хамас во Појасот Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле напади „од воздух, врз оперативни штабови, подземни борбени тунели, магацини за оружје и муниција, локации за производство на експлозиви и позиции за лансирање против тенкови“.
ИДФ соопшти дека била нападната областа околу Џабалија во северниот дел на Газа и „уништила“ тунел што го открила во Беит Ханун.
Израелската војска претходно соопшти дека открила повеќе делови од, како што тврди, системот на тунели на Хамас под болницата Ал Шифа во градот Газа.
ИДФ доцна синоќа објавија видео снимки и слики на кои се прикажани дополнителни влезови во тунели, како и подземни простории и засолништа.
ИДФ се сомневаат дека под најголемата болница во Појасот Газа се наоѓа команден центар на Хамас, кој се протега до зградите во близина на Ал Шифа.
Пред неколку дена, за време на операцијата во болницата, израелската армија откри шахта за која вели дека води до дел од тунелот кој по 55 метри води до врата „отпорна од експлозија“.
Како што сега соопшти армијата, зад таа врата има климатизирана просторија, бања и други окна.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени