ИДФ ослободиле двајца заложници, најмалку 60 загинати во напад на Рафа
Израелската армија соопшти дека ослободила двајца заложници за време на рација на нејзините специјални сили синоќа во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.
Заложниците биле однесени во болницата Шеба во централниот дел на Израел каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба.
Според Си-Ен-Ен, и двајцата заложници биле киднапирани од кибуцот Нир Јицак на 7 октомври за време на терористичкиот напад на Хамас во јужен Израел. Исламистичките милитанти тогаш убија околу 1.
200 луѓе, главно цивили, а околу 240 беа киднапирани и одведени во Газа. Одговорот на Израел на нападот на Хамас предизвика големи разурнувања во Газа.
Палестинското Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека од 7 октомври досега се убиени повеќе од 27. 500 луѓе.
Најмалку 60 луѓе загинаа во синоќешното израелско гранатирање на Рафа, град кој се наоѓа на југот од Појасот Газа и во близина на границата со Египет.
Во последните месеци, во Рафа се засолнија мнозинството палестински бегалци раселени од израелското бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа, во кој моментално живеат 1,4 милиони луѓе, според проценките на Обединетите нации.
Нападот на Рафа се случи иако претходно вчера Хамас најави дека офанзивата на тој град ќе го „торпедира“ секој договор за ослободување на заложниците кои се во нивно заробеништво од 7 октомври минатата година, а против офанзивата на Рафа се изјаснија и САД, главниот сојузник на Израел.
Сепак, се чини дека синоќешното гранатирање на Рафа не го означи почетокот на офанзивата на тој простор.
Погодени биле 14 куќи и три џамии во различни делови на градот, а израелската армија објави дека извршила „серијата напади врз јужниот дел на Газа кои сега се завршени“.
Ново на Сител
-
Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи на иницијатива на европската левица
-
Joванов: Виновен сум, никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто
-
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје
-
Калас и неколку европски МНР во посета на Украина
-
Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата
-
Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-
Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации
-
Си и Путин објавија заедничка изјава во која ги нападнаа САД