Македонија
3. April 2016 - 19:59

Идентификувана жртвата во сообраќајката на патот Градско - Прилеп

Седумдесет и четиригодишна скопјанка загинала во сообраќајната несреќа што се случила денеска пет минути пред 13 часот кај Росоман на патот Градско - Прилеп, информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

- Во 12.55 часот во кавадаречкиот Здравствен дом била пријавена сообраќајка на патот Градско - Прилеп кај крстосницата за селото Камен дол. Се судриле две патнички моторни возила, мерцедес со прилепска регистрација и форд фиеста со скопски регистерски ознаки. Како последица на судирот, починал совозачот во фиестата. Станува збор за лицето Драгица Д., родена 1942 година. Со повреди се здобил и сопатникот во фиестата, изјави Стојковска.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица од општа надлежност Кавадарци.