Македонија
23. July 2024 - 11:38

Ибуш Јусуфи го помина комисискиот филтер за заменик на генералниот секретар на Собранието

 Девет членови на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата дадоа поддршка за именување на Ибуш Јусуфи, дипломиран педагог и магистер по дипломатија од Скопје за заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

На оваа седница, членовите на Комисијата дадоа поддршка и за барањето на пратеничката Олга Лозановска за утврдување на надоместок на закупнина на стан.