ИАТА: Авиокомпаниите поради новиот коронавирус ќе загубат околу 63 милијарди долари
Меѓународното здружени за воздушен сообраќај (ИАТА) објави нова проценка на загубите на годишно ниво во воздушната индустрија поради епидемијата на новиот коронавирус.
Според претходната процена на ИАТА, објавена пред 14 денови, глобалните загуби во воздушната индустрија би изнесувале околу 30 милијарди долари, додека според најновата процена загубата би била од 63 до 114 милијарди долари.
Најмногу е погоден Азиско-пацифичкиот регион (Кина, Австралија, Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја) во кој загубите за оваа година би можеле да достигнат до 58 милијарди долари.
Во Кина погодени се сите авиопревозници, а најмногу компанијата „Хаинан ерлајнс“, која побара финансиска помош од државата и е во процес на реструктурирање. Според процената на ИАТА, Кина годинава би можела да загуби 22 милијарди долари.
Авиокомпанијата од Хонг Конг „Кетхај пацифик“ приземји 120 од вкупно 160 авиони и 75 проценти од вработените ги испрати на неплатен одмор.
„Луфтханза“ поради откажувањето на летовите кон Азија приземји 150 авиони односно една петтина од сопствената флота.
Американската комапанија „Јунајтед ерлајнс“ исто така го намали меѓународниот сообраќај за една петтина, додека „Бритиш ервејс“ соопшти дека овој месец откажа 216 летови кон дестинации во Америка и Европа, а претходно откажа летови кон Азија.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар