Македонија
2. March 2017 - 12:11

И во Охрид прегазена жена

Вчера во 14.45 часот во Охрид, на ул. „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (22) од Охрид, удрило во пешакот Ѓ.В. (67) од Охрид.

Во незгодата Ѓ.В. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицински центар Охрид, каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена и задржана во СБТ „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Вчера во 17.45 часот во Штип, на ул. „Панче Караѓозов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.П. (49) од Штип, удрило во пешакот Р.Ѓ. (63) од Штип. Жената е орефрлена на лекување во штипската болница.