Македонија
18. August 2022 - 16:40

И Владата и општина Охрид ќе го спасуваат Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт заедно со Владата и општина Охрид ќе го организираат годинешното јубилејно 60 то издание на Охридскиот пливачки маратон. И годинава Охридскиот маратон во водите на езрото ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција во спортот. Ваквата одлука следи по најавите од страна на претседателот на Националната пливачка федерација дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата поради блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.

Маратон ќе има, но неизвесно останува и прашањето дали ќе има награден фонд бидејќи последните две до три годни не им биле исплатени наградите на оние кои што пливале.

Инаку по објавувањето дека нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон низа реaкции следеа и на социјалните мрежи меѓу нив дека „за најстарата и најпрестижната спортска манифестација, државата нема пара“, „срамота за една држава нешто што е вредно со години да прекини“, до тоа дека „ уништен e еден вреден бренд на Македонија на спортски план“ едно децениско наследство, но и дека се издвојуваат средства за ред други манифестации и антимакедонски прослави .