Македонија
29. November 2022 - 12:13

И покрај скапата струја Охрид ќе биде украсен оваа година

И покрај енергетската криза во  Охрид ќе има дочек за Новата Година на градскиот плоштад.

Градоначалникот Пецаков вели дека туристичкиот центар кој очекува огромен број на гости ќе биде украсен и нема да трпи, иако сеуште не е дефинирана до крај програмата за тоа кој се ќе настапува сепак согласно буџетот како и лани прославата од неколку дена ќе чини не повеќе од 12 илјади евра.

Енергетската криза најмногу ги погоди јавните претпријатија во градот особено Водовод, но како што посочи градоначалникот во тек се потпишувањата на договорите на овие претпријатија со АД ЕСМ за снабдување на електрична енергија по поволна цена.

Пецаков вели дека општината нема никакви долгови за електрична енергија, а со јавното осветлување во градот стопанисува приватна фирма.