-->
-->
И по 5-ти пат го победивме Азербејџан
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со серијата успешни резултати против селекцијата на Азербејџан против која го одигравме и 6. меч и по 5-ти пат ги победивме. Овојпат во Австрија со 3-1.
Нашите репрезентативци одлично започнаа и во 20-тата минута по една одлична асистенција на Пандев младиот репрезентативец Радески го отвори резултатот.
Репрезентативците на Азербејџан во 33м лошо вратија една топка кон својот голман и тоа го искористи искусниот Пандев кој го постигна својот 27 гол во националниот тим за водство од 2-0.
Исмаилов во 73м од пенал откако еден од нашите играчи играше со рака го намали водството на Македонија на 2-1 а конечните 3-1 за нашите национали ги постави Несторовски буквално во последните секунди од мечот.
Следната контролка е против Иран на 2.јуни во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa