Фудбал
29. May 2016 - 19:13

И по 5-ти пат го победивме Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со серијата успешни резултати против селекцијата на Азербејџан против која го одигравме и 6. меч и по 5-ти пат ги победивме. Овојпат во Австрија со 3-1. 

Нашите репрезентативци одлично започнаа и во 20-тата минута по една одлична асистенција на Пандев младиот репрезентативец  Радески го отвори резултатот. 
Репрезентативците на Азербејџан во 33м лошо вратија една топка кон својот голман и тоа го искористи искусниот Пандев кој го постигна својот 27 гол во националниот тим за водство од 2-0. 
Исмаилов во 73м од пенал  откако еден од нашите играчи играше со рака го намали водството на Македонија  на 2-1 а конечните 3-1 за нашите национали ги постави Несторовски буквално во последните секунди од мечот. 
Следната контролка е против Иран на 2.јуни во Скопје.