И Обама сега има профил на Фејсбук
Американскиот претседател Барак Обама отвори личен профил на Фејсбук, а страницата во првите три часа од активирањето имаше 200.000 „лајкови“.
Ова е уште еден потег на Белата куќа во обид да ги шири своите пораки преку социјалните мрежи. Обама од многу одамна има профил на Твитер, политичката кампања ја водеше преку Фејсбук. Сепак, целта на овој профил е Обама да се прикаже „како обично момче“.
Во „поздравниот“ видео пост, Обама на посетителите им го покажува дворот на Белата куќа, наведувајќи дека често гледа лисици и други, како што се изрази, суштества.
Обама ја искористи можноста да испрати порака за климатските промени, пред самитот во Париз кон крајот на месецот.
- Здраво, Фејсбук! Конечно имам личен профил. Се надевам дека на ова ќе гледате како на место каде можете сериозно да разговарате за најважните прашања со кои нашата земја се соочува, како место каде директно од мене можете да слушнете некои работи и да ги споделите сопствените размислувања и приказни, наведе Обама во поздравната порака.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло