Свет
10. January 2016 - 13:42

И Меркел бара итно протерување на бегалците криминалци

Германската канцеларка предлага мерки за итно протерување на баратели на азил инволвирани во криминал во обид да ја намали штетата по својот имиџ по новогодишните напади од луѓе од Блискиот Исток и Африка врз стотина жени во Келн и други германски градови. 
 
Предлозите дојдоа откако вчера полицијата во Келн се судри со околу 1700 демонстранти членови на антиимигрантската група ПЕГИДА кои што тврдат дека напаѓачите биле бегалци и мигранти. Предходно ПЕГИДА (Патриотски европјани против исламизација на Европа) секој понеделник организираше протести во Дрезден. 
На средба на својата партија ЦДУ во Мајнц Меркел порача дека секој што извршил криминал во земјата мора да се соочи со законот без разлика на етничката пропадност а доколку во инциденти се инволвирани и баратели на азил тие ќе ги изгубат своите права како бегалци. 
По средбата во Мајнц пред новинарите Меркел изјавила дека секој мора да се соочи со последиците доколку учествува во криминал. Меркел категорично се спротивставува на прекин на политиката на отворени врати за бегалците но според германските медиуми таа се согласува со кои азилантите инволвирани во криминал во иднина би биле протерани полесно . 
Според важечките германски закони барателите на азил можат да бидат депортирани сао доколку бидат осудени на тригодишна казна затвор а нивните животи не се во опасност во матичните земји. 
Според Меркел нејзинните предлози се прифатени од ЦДУ а за нив ќе се разговара и со колаиционните партнери СПД и ЦСУ по што за нив ќе треба да се изјасни парламентот. 
„Овие мерки се од интерес за германските граѓани но и за најглемиот дел од бегалците во Германија“ изјавила Меркел прес своите партиски колеги. 
Нападите во Келн, Хамбург, Штудгарт и други германски градови каде што според пријавите ноќта за нова година се нападнати над 170 жени од околу 1000 луѓе од Блискиот исток и северна Африка меѓу нив и баратели на азил, предизвика огромно незадоволство во германската јавност по што порасна и притисокот од ЦДУ врз канцеларката Меркел.  
Притисокот врз Меркел порасна дополнително откако поради нетранспарентност во случајот „новогодишни напади“ беше сменет шефот на полицијата во Келн а весникот „Билд“ пренесе изјава на висок полициски функционер во Франкфурт според кого полицијата добила наредба да не објавува информации за криминал во кој се инволвирани бегалци. Според него полицијата можела само да одговара на директни прашања на медиумите во однос на конкретни случаи во кои учествувале баратели на азил. 
Според медиуми и експертите во очекување на регионални избори во неколку клучни германски покраини и растот на популарноста на крајно десничарските политички движења Меркел е принудена да преземе чекори за зачувување на својот рејтинг и да покаже дека приемот на нови еден милион и сто илјади бегалци во земјата нема да ја наруши безбедноста ниту начинот на живот во Германија.