И Македонец меѓу жртвите на нападот во Виена
Меѓу жртвите во терористичкиот напад во центарот на Виена, што се случи во понеделникот вечерта, се и двајца странски државјани – Македонец и Германка, информира австриската полиција.
Според полицијата, жртвите на нападот се 39-годишен Австриец, 44-годишна Австријка, 21-годишен Македонец и 24-годишен Германец.
Македонецот бил случаен минувач, кој е убиен додека се движел по улиците на Бермудскиот Триаголник, дел од центарот на Виена познат по своите бројни кафулиња, пабови и барови, а Германката, која била келнерка, е убиена пред барот во кој работела.
Што се однесува до жртвите со австриско државјанство, 39-годишниот маж бил убиен пред ресторан за брза храна на Шведенплац, а 44-годишната жена во болница им подлегна на повредите здобиени при нападот.
Напаѓачот, идентификуван како Кујтим Фејзулај, роден во Австрија, но по потекло од Македонија, беше ликвидиран од полицијата, откако преходно на улиците во центарот на Виена уби четири лица и им нанесе повреди на уште 23 други, на возраст од 21 до 43 години. Од таа бројка, 13 се здобиле со повреди од куршуми, а остантите се повредени при бегството од напаѓачот.
Повеќето повредени се Австријци, но меѓу нив има и државјани на Германија, Словачка, Луксембург, Авганистан и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола