Свет
27. March 2020 - 14:39

И британскиот министер за здравство позитивен на коронавирус

По британскиот премиер Борис Џонсон, денеска и министерот за здравство на велика Британија, Мет Хенкок објави дека е позитивен на новиот коронавирус, пишува весникот „Мирор“.

Откако развил симптоми во средата навечер, Хенкок бил тестиран и по добиениот позитивен резултат тој сега работи од дома.

Џонсон, исто така, се наоѓа во самоизолација во Даунинг Стрит. Тој инсистира да продолжи да раководи со Владата во овој кризен период.

Последните информации предизвикаа загриженост дека би можеле и други функционери на Даунинг Стрит да се заразени со Ковид-19, веројатно и високи претставници во кабинетот на британскиот премиер.