И Австрија ја враќа контролата на границата со Словачка
Австрија од вечерва воведува контроли на границата со Словачка, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи. Одлуката уследи откако Владата на Чешка најави дека од 29 септември привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција.
Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракусан изјави дека годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално ја минале границата, главно од Сирија. – Од почетокот на 2022 година, полицијата приведе 11.000 илегални мигранти.
Има транзитна миграција, огромното мнозинство од овие луѓе сакаат да заминат во Германија. Тоа предизвика нервоза и на германската страна на границата, посочи Ракусан. И Чешка и нејзините соседи се членки на Шенген зоната. Се проценува дека околу 300.000 воени бегалци од Украина, кои не се вклучени во податоците за илегалната миграција, се населиле во Чешка.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп