Хуманитарна претстава во Крива Паланка
Младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка во рамки на циклусот Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности, во соработка со средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, синоќа организираа хуманитарна театарска претстава.
Претставата „Сомнително лице – на наш начин“ беше изведена во Центарот за култура во Крива Паланка, а средствата собрани од настанот се наменети за лица од ранливите категории .
- Со поддршка на драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ организиравме настан со цел да собереме средства со кои ќе им помогнеме на две таргет групи - средношколци од ранливи категории и социјално-загрозени лица. Претставата се изведуваше во два термина, пладневен наменет за ученици од основните училишта и вечерен за граѓанството. Беа собрани околу 20.000 денари кои ќе ги намениме за помош на седум ученици од четврта година да ја платат матурската вечер и за едно социјално загрозено лице кое живее во тешки услови во село Милутинци, изјави Давор Петровски од ЦКА-ПХВ тимот на Кривопаланечкиот Црвен крст.
Претставата ја изведоа дваесетина ученици од гимназијата под менторство на професорките по македонски јазик и литература, Елена Јакимовска, Зорица Давитковска и Даниела Стојмировска. Беше подготвена за минатогодишниот патрон празник на училиштето, а оттогаш е изведена повеќе пати во и надвор од границите на државата.
ЦКА-ПХВ тимот од Црвен крст Крива Паланка во соработка со локалните фолклорни групи КУД „Осми Октомври“, КУЗ „Карпош“ и КУЗ „Фолклористи“ вечер организира уште еден хуманитарен настан на кој се очекува кривопаланчани повторно да ја покажат својата хуманост.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ
-
Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата
-
Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина