Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село, посебен сообраќаен режим во Скопје
Во организација на СОС Детско село денеска ќе се одржи хуманитарна ИТ трка на која ќе учествуваат вработени од ИТ компании.
Трката ќе почне во 9 часот од вело патеката на Кејот на Вардар кај хотелот „Александар Палас“, а ќе заврши кај паркот Авионче во Ново Лисиче околу 12 часот.
На финишот на трката ќе се одржи едночасовен настан чија цел ќе биде да се зближат учесниците на трката со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.
Поради трката во главниот град, од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
– Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка