Македонија
14. November 2018 - 9:32

Хумaнитарна „Француска поетска вечер” во Кичево

Во НУЦК „Кочо Рацин” во Кичево синоќа се одржа хуманитарна претстава во организација на градскиот Црвен крст на Кичево и гимназијата „Дрита”, а средствата ќе бидат наменети за помош на социјално ранливи семејства.
 
– Целта беше да помогнеме и поради тоа ја оганизиравме оваа претстава во соработка со Црвениот крст. Средствата од продадените карти, кои беа со симболична цена, ќе бидат наменети за помош на оние семејства кои имаат потреба, вели кординаторот на оваа вечер Валдете Адили.