Македонија
17. September 2017 - 17:29

Хуманитарна акција за децата со посебни потреби во Прилеп

За децата со посебни потреби кои учат во специјалната паралека во прилепското ООУ “Климент Охридски”, денеска, во центарот на Прилеп, беше организиран една, од веќе традиционалните хуманитарни акции кои ги реализираат некои општествено - одговорни компании. Целта на акцијата е преку продажбата на извесни артикли да се соберат средства кои потоа се донираат во училишниот буџет за да бидат наменети исклучиво за потребите на децата со посебни потреби кои токму тука го остваруваат воспитно-образовниот процес.
 
За прилепските општетсвно-одговрни компании ваквите настани не се непозната работа. Нивните менаџери велат дека токму само со ваквата свесност можеме да напредуваме како развиено општетсво.
 
Инаку, вакви хуманитарни акции од кои собраните средства се наменуваат за прилепските деца со посебни потреби, во Прилеп се организираат неколку пати годишно.