Македонија
20. December 2015 - 10:28

Хуманитарна акција за децата од Дневниот центар во Шуто Оризари

Хуманитарна собирна акција за децата од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари ќе се одржи денеска  од 11 до 13 часот во ТЦ „Скопје сити мол“.

Акцијата ја организира  Здруженето „Хуманост без граници”. Ќе се собира облека за деца од 3 до 18 години, училишен прибор и помалага, боенки, фломастери, боици, играчки, книги, сликовници, учебници, лектири, тетратки, хигиенски средства, чевли, чизми. ..

Во Дневниот центар во Шуто Оризари денот го поминуваат околу 100 деца.