Македонија
9. May 2016 - 23:27

Хулиганите на СДСМ со брутален атак врз симболот на државноста Порта Македонија

 
Хулиганите платеници на Зоран Заев и СОРОС попладнево извршија брутален атак врз симболот на македонската државност Порта Македонија. Со пиштоли со боја демонстрантите кај кои очигледно не постои здрав разум речиси целосно ја уништија Триумфалната порта во Скопје.
 
 
Порта Македонија не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември…
 
Хулиганскиот удар на соросовите платеници помогнати од алабнското движење БЕСА врз ваквите историски и културни обележја е еднаков на удар врз историјата, корените и врз државата.