Хулиганите на СДСМ повторно во акција
Откако демонстрантите на СДСМ и Сорос изминативе денови ја демолираа народната канцеларија на претседателот на Република Македонија на Рекорд и фрлаа јајца кон зградата на Владата, денес на списокот на хулиганите се најде и Порта Македонија.
Агресивното и насилно однесување денес хулиганите повторно го покажаа. Со разни бои и јајца беше оштетувана Порта Македонија, сето тоа пропратено со извици „Грда ви е портата“.
Дали е ова само почетокот на спроведување на сценариото кое го најави екс министерот на СДСМ Љубомир Фрчковски за уривање на споменици од проектот 2014 останува да се види.
-Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување, пишуваше Фрчковски во својата колумна.
Додека хулиганите и деликвентите на СДСМ ја нагрдуваат Порта Македонија, јавноста ја памети како симбол на успехот на нашите спортски репрезентации.
Ново на Сител
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска